Маричиќ откри колку македонските закони се усогласени до европската регулатива

t

„Согласно нашите анализи, во државата веќе има 45 проценти усогласување во делот на законодавството и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора, кои преговараат веќе десет години“, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Тој во изјава за „Алсат М” потврди дека вчера официјално започна процесот на скрининг, и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината на септември почнува скринингот и по кластери и по поглавја.

-Најпрво, во прва фаза, ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе преземе ли некој нешто?! Никнува нов…

На 7 октомври во Охрид ќе се…

Егзодус на работна сила: Намален бројот на…

Бројот на работниците во индустријата во периодот…

Пендаровски на средба со албански пратеници: Односите…

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на…

“Најмногу не сакаат”: Од земјите од регионот…

Стејт департментот соопшти повеќе од две милијарди…

Ни колку на попис ги нема, а…

Вкупно 181 граѓанин на Македонија се пријавени…