Објавено на:

Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ за Македонија нема многувековен македонски идентитет

t

„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен македонски идентитет, ниту во текстот, ниту како предлог од кој било европратеник. Ова е уште една манипулација и фикција од страна на Скопје“, објави денеска европратеникот на бугарската партија ГЕРБ, Андреј Ковачев. Повод за неговиот коментар беше изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, во која тој тврдеше дека Европа ја слушнала „вистината за македонскиот идентитет“ и дека извештајот на ЕП за напредокот на земјата ќе биде усвоен.

Според Ковачев, денес постои македонски идентитет и Бугарија го признава. Но, според него, тој не е „многувековен и ова е очигледно за секој што ја познава историјата“, додаде европратеникот.

„Обидот на Христијан Мицкоски да го претстави извештајот на ЕП како „признание за македонската вечност“ е евтин политички трик. Неговата цел е да прикрие нешто друго – дека всушност се согласува со козметичкото вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот“, пишува Ковачев.

Според него, ова не е доволно за да се започнат преговорите со Европската Унија. Ковачев потсетува под кои околности Бугарија може да го запре процесот:

„Ако условите од Договорот за добрососедство од 2017 година и неговите протоколи не се почитуваат и правата на македонските Бугари се прекршени. Бугарскиот устав е граѓански – не признава етнички заедници. Затоа не може да има „етнички Македонец“ во Комитетот за малцинства. Таков комитет едноставно не постои“, тврди Ковачев.

Тој ги повикува македонските власти, наместо да трошат пари на, како што вели, „неплодни лобистички кампањи и градење митови, да ги исполнат своите обврски, да раскинат со комунистичкото наследство на Титова Југославија и да се приближат кон ЕУ со реални дејствија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…