Марш за ангелите во Кочани: „Наместо одговорност, добивме молк и институционална неефикасност“

t

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска го одржаа 42. „Марш на ангелите“, при што маршираа низ улиците на Кочани. Тие тргнаа од Паркот на Револуцијата и завршија пред зградата на Основно јавно обвинителство Кочани, барајќи правда и одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица.

Семејствата се обратија и кон институциите, при што во неколку наврати застанаа и пред полициската зграда, обвинувајќи дека клучната ноќ не била соодветно реагирано од страна на полициските службеници. Тие поставија прашања за постапувањето на службените лица во моментите кога се случувала трагедијата, особено за тоа зошто, според нив, не била овозможена навремена и безбедна евакуација.

Во емотивни обраќања, претставници на семејствата порачаа дека системот потфрлил и дека со години недостасува одговорност и вистинска истрага. Тие истакнаа дека маршот не е само протест, туку и борба за вистина и правда за нивните најблиски.

Пред Основно јавно обвинителство Кочани, семејствата испратија пораки и до државниот врв, нагласувајќи дека ветувањата за правда досега не се исполнети и дека наместо одговорност, добиле само молк и институционална неефикасност.

Маршот заврши со порака дека тие ќе продолжат да бараат правда за загинатите млади луѓе и дека нема да се откажат од барањата за целосно расветлување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…

Здружението на родителите на загинатите деца во…

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…