Маск до уредничката на Економист: Она што лажно го нарекувате „крајна десница“ се всушност нормалните луѓе
Дали безбедни граници, безбедни градови и разумно трошење се принципи кои можат да се наречат десничарски и крајни… Тоа се ставови на нормални луѓе“. Најбогатиот човек на светот Илон Маск во ексклузивното интервју за британски Економист со уредничката Зани Минтон Бедоус, пред три дена отворено застана против апсурдната и лажна карактеризација на десницата, особено од некои традиционални медиуми, истовремено разоткривајќи ги политичките манипулации што доаѓаат од левата страна на политичкиот спектар.
Тој во интервјуто отворено застанува и против мигрантскa политика, ако тоа значи прекршување на закони или зголемување на убиства и силувања, но и наметнување на нови правила спротивни за нападните вредности.
Нешто што беше вообичаено пред 10 години
Запрашан за неговата наводна поддршка на маргинални и екстремно десничарски партии, Маск категорично ги отфрли ваквите етикети, нагласувајќи дека денешната десница всушност ги претставува ставовите на обичниот човек.
„Јас ги поддржувам нормалните луѓе, океј? Она што вие лажно го нарекувате крајна десница, всушност е нормалниот човек, океј? Да, буквално би можеле да се вратите 10 или 15 години наназад и овие политики беа сосема нормални“, дециден е Маск, кој додава дека не може да се сметаат за радикални или екстремни принципите за кои тој се залага — безбедни граници, безбедни градови и разумно трошење.
„И еве ги принципите, па кажете ми кој од овие звучи ужасно: Дека треба да имаме безбедни граници, дека треба да имаме безбедни градови, дека треба да имаме разумно трошење. Кој од тие три е крајно десничарски и краен?“
Маск бурно реагираше на обидот на уредничката да го прекине во образложувањето на неговите ставови, инсистирајќи овој дел од разговорот по секоја цена да биде објавен всушност давајќи порака на сите останати медиуми кои се по лево ориентирани:
„Би сакал само да ве прекорам вас и медиумите за апсурдната карактеризација на крајната десница. Тоа е лажно, погрешно и бесмислено. Ве молам, оставете го овој дел“.
Трикот со говорите на Обама и Хилари кои денес ги прогласуваат за „Трампизам“
Зборувајќи за промената на политичката клима на Западот, Маск укажа на сериозна идеолошка манипулација и радикализација на левицата, која денес како „екстремно десничарски“ ги жигосува ставовите кои до пред деценија беа мејнстрим политика. Тој сподели и еден практичен, ироничен пример кој редовно го практикува:
„Мислам дека еден од смешните трикови, она што ми е прилично смешно, е да земам говор од Обама и Хилари и да отидам кај некој кој е на… она што јас го нарекувам лудачка левица, и да го прашам: „Што мислите за овој говор на Трамп?“. Тие ќе кажат: „О, леле, тој е најлошиот човек на светот“. А всушност, тоа бил говор на Обама, или всушност тоа бил говор на Хилари“, објаснува Маск, илустрирајќи колку е поместен центарот на гравитација во јавниот дискурс.
Не сум расист, туку против убиства и силувања и правила спротивни на Западот
Интервјуто доби тензичен тек кога уредничката на „Економист“ се обиде да го прогласи Маск за расист и антимуслиман, користејќи го како повод фактот што тој на својата мрежа „Х“ споделил независен филм („Citizen Vigilante“) со насилна содржина – убиство на муслиманско имигрантско семејство како форма на одмазда.
Маск целосно ги отфрли овие обиди за негово дискредитирање како неосновани, посочувајќи го својот приватен живот и деловното опкружување како директен доказ против ваквите тврдења:
„Мојата партнерка е полу-Индијка и имам четири деца со неа. Едно од нив е именувано по познат индиски физичар. Така што, би рекол дека не сум расист. И исто така, ако ги погледнете луѓето вработени во моите компании, имаме високи раководители од сите раси. Не мислам дека има некаков расизам таму“, одговори тој.
„Дали сте против муслиманите?“ – го прашува уредничката на Економист.
„Јас сум против… ако луѓето доаѓаат во една земја со спротивставени ставови, јас сум против тоа. Јас сум против тоа, знаете. Јас сум против силување и убиства. Јас сум против наметнување правила и закони кои се спротивни на она што сме го прифатиле на Западот. И мислам дека е жално што традиционалните медиуми како вас не го признаваат ова“, дециден е милијардерот.
„Не ми е грижа дали ме мразат, иако мислам дека повеќе ме сакаат“
На обвинувањата од уредничката дека тој, како најбогат човек на светот, нема право да ја обликува и да влијае врз европската политика бидејќи не живее таму, Маск одговори со глобална визија. Тој објасни дека неговиот ангажман не е локален, туку дека на проблемите гледа од перспектива на одбрана на „Западот колективно“.
Кога уредничката му предочи дека токму поради ваквите ставови дел од јавноста го „мрази“, Маск ладнокрвно одговори дека јавниот линч од елитите воопшто не го допира.
„Можеби некои луѓе ме мразат. И тоа е веројатно точно. Не ми е грижа. Но, фактот што четвртина милијарда луѓе ме следат, значи дека мислам дека всушност многу повеќе луѓе ме сакаат отколку што не ме сакаат“, порача сопственикот на „Х“, завршувајќи со контранапад кон традиционалното новинарство: „И мислам дека многу повеќе луѓе ве мразат вас и медиумите отколку што сфаќате.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маск го нарече советникот на Трамп идиот
Илон Маск му возврати на Питер Наваро,…
Нов бисер од Елон Маск за тоа…
Постои една стара изрека, рече Маск -…
Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…
Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…
Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…
Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…
Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…
Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…