Маск за офанзивата на Украина: Толку многу смрт, за ништо
Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа Х (Твитер) ја коментираше украинската криза, накратко велејќи дека многу луѓе загинале за малиот напредок што Украина успеала да го постигне на фронтот.
„Толку многу смрт, за толку малку“, напиша тој.
Инаку, Маск често ја коментираше ситуацијата во Украина. Неговиот став е добро опишан со една неодамнешна изјава:
„Со секој изминат ден, се повеќе украински и руски млади умираат за да добијат и загубат мали парчиња земја, а границите едвај се менуваат. Ова не вреди зa нивниот живот“, изјави Маск.
Минатата година, според написите, Маск беше обвинет и за објавување на мировен договор кој одеше во корист на Кремљ, во кој тој сугерираше дека Украина треба да одржи референдуми за суверенитет, организирани од Русија во регионите што ги анектираше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…