Масовен прекин на струја во Молдавија поради проблеми во украинската мрежа
Молдавија денеска е погодена од масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради проблеми во електропреносната мрежа на соседна Украина. Како резултат на ова, главниот град Кишињев и други делови на земјата останаа без струја.
Според соопштението на молдавското Министерство за енергетика, објавено на апликацијата Телеграм, пречките во украинската мрежа довеле до пад на напонот на една од линиите што ја снабдуваат Молдавија.
Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во престолнината се без напојување, а властите додадоа дека не работат ниту семафорите.
Истовремено, во делови на Украина се воведени вонредни прекини на струјата, а метрото во Киев не работи. Хаваријата предизвика и привремен прекин во водоснабдувањето на украинскиот главен град.
Електропреносната мрежа на Украина со месеци е една од главните цели на руските напади, поради што во изминатите недели се воведени значителни ограничувања во испораката на електрична енергија за потрошувачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовен прекин на струја во Молдавија поради…
Молдавија денеска е погодена од масовни прекини…
Мицкоски можеби ќе појде во синдикатите в…
За премиерот немало проблем да отиде в…
(Видео) Граѓаните кои треба да платат данок…
Граѓаните кои треба да платат данок за…
Непознато лице со стаклени шишиња фрлило кон…
На 31.01.2026 во 03:22 часот во СВР…
Мицкоски: Македонија ќе се изјасни по нон-пејперот…
Македонија ќе го разгледа нон-пејперот на ЕУ…