Масовен прекин на струја во Молдавија поради проблеми во украинската мрежа
Молдавија денеска е погодена од масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради проблеми во електропреносната мрежа на соседна Украина. Како резултат на ова, главниот град Кишињев и други делови на земјата останаа без струја.
Според соопштението на молдавското Министерство за енергетика, објавено на апликацијата Телеграм, пречките во украинската мрежа довеле до пад на напонот на една од линиите што ја снабдуваат Молдавија.
Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во престолнината се без напојување, а властите додадоа дека не работат ниту семафорите.
Истовремено, во делови на Украина се воведени вонредни прекини на струјата, а метрото во Киев не работи. Хаваријата предизвика и привремен прекин во водоснабдувањето на украинскиот главен град.
Електропреносната мрежа на Украина со месеци е една од главните цели на руските напади, поради што во изминатите недели се воведени значителни ограничувања во испораката на електрична енергија за потрошувачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…
Денеска е Митровден – празник посветен на…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија и…
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…