Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер на Орбан од 24 милиони евра
Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека Националното истражно биро запленило имот на поранешен министер во владата на Виктор Орбан во вредност од повеќе од девет милијарди форинти (24 милиони евра).
Маѓар напиша на „X“ дека Миклош Шестак, поранешниот министер за државен развој во владата на Виктор Орбан, е осомничен за корупција.„Неговата куќа и салонот за автомобили беа исто така запленети“, се додава во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува…
Голем скандал со истекување на лични податоци…