Објавено на:

Маѓар најавува нова ера за земјата: Потребна е системска промена, граѓаните одлучија дека ја сакаат Европа

t

Лидерот на партијата Тиса, убедливиот победник на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, им изјави на новинарите дека граѓаните покажале дека ја сакаат Европската Унија и дека ќе се зафатат со работа што е можно поскоро. Како што истакна, тие очекуваат исходот на уште неколку места да се сврти во нивна корист и дека очекуваат уште неколку мандати.

„Ова е невиден број луѓе кои гласале за една партија. Тоа се три милиони и триста илјади гласови, тоа е голема одговорност. Фидес падна на една петтина и би сакал да нагласам дека освои толку многу мандати затоа што пропагандната машина потроши неколку милијарди форинти за да ги поддржи своите лаги. Да не ја користеше машината за свои цели, како што е разузнавачката служба, немаше да има толку многу мандати“, рече Петер Маѓар.

Затоа, тој верува дека бројот на гласови што ги освоија е одговорност и почеток на нова ера.

„Сите Унгарци почувствуваа колку се клучни овие избори. Очекуваме процесот на предавање на власта да биде што е можно пократок; според правилата, резултатот ќе стане конечен најдоцна до 4 мај, а претседателот на државата ќе има 30 дена да свика седница на парламентот, и затоа го повикувам претседателот што е можно поскоро да свика конститутивна седница и да не чека“, рече тој. Тој рече дека владата на Тиса ќе го претставува секој граѓанин.

„Кажавме кои се проблемите и рековме дека не е доволно само да се замени владата за да се решат. Нашата земја ја водеше криминална организација. Потребно е да се спроведе промена во системот. Унгарците одлучија дека Европа е таму каде што беше и ќе биде Унгарија. Без разлика што мислеше претходната влада за излегување на Унгарија од ЕУ, вчера Унгарците ја потврдија својата желба да останат во Европа“, нагласи тој. Има многу задачи пред нас и би сакале да се зафатиме со работа што е можно поскоро, додаде Maѓар.

„Една од задачите е враќање на европските ресурси во Унгарија. Унгарија нема да се меша во работите на балканските земји, Франција, Шпанија, Словачка, и би побарале од секоја држава да го стори истото, да ја смета Унгарија за суверена и независна“, вели тој.

Тој исто така рече дека Орбан им се заканил на своите граѓани, ги исплашил граѓаните дека Унгарија ќе се распадне со новата влада, со цел да ја консолидира својата моќ.

„Им кажувам на сите Унгарци дека Унгарија не сака војна, Тиса ќе биде партија на мирот. Орбан не се занимава со проблемите на здравството и образованието. Тој зборуваше за Украина, Русија, Иран, претседателските избори во САД. Тој се занимаваше со сè, освен со проблемите што ги мачат Унгарците“, рече Унгарецот. Да потсетиме дека во неделата во Унгарија се одржаа парламентарни избори, на кои победи опозициската партија на Тиса, Петер Маѓар. Излезноста на изборите беше рекордна, бидејќи гласаа 77,8 проценти од гласачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маѓар најавува нова ера за земјата: Потребна…

Лидерот на партијата Тиса, убедливиот победник на…

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е посилна…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Маѓар бара оставки од високите функционери во…

Унгарскиот политичар Петер Маѓар упати барање за…

Владата на ТИСА ќе биде влада на…

Довчерашниот унгарски опозиционер и иден премиер на…

Од инсајдер до ривал: Како Маѓар стана…

За само две години, Петер Маѓар прерасна…