Мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово, ужаснати очевидци ѝ го одзеле
Грозоморно насилство врз тримсесечно бебе од страна на неговата мајка. На улица во Тетово го трескала од земја, шокирани очевидци ја спречиле и викнале полиција.
„Во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во 15:30 часот Б.М. била забележанакако физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе, лицата што го забележале тоа ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот во полиција“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
По брза реакција на полицијата за овој ужасен чин биле приведени 42 годишна прилепчанка и нејзиниот 37 годишен сопруг од селото Сараќино, а потоа биле известени и соодветните институции.
„За настанот e известен социјален работник од дом за малолетници а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот и во координација со јавен обвинител против нив ќе следува соодветна пријава.“
Досега се знае дека осомничените се родители на детето и дека се работи за фамилија која страда од ментални нарушувуања а откако ќе биде готова целосната документација на настанот, ќе бидат поднесени пријави против мажот и жената додека институциите се во процес на утврдување на сите поврзани околности околу случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт…
Грозоморно насилство врз тримсесечно бебе од страна…
(Видео) Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден…
Веднаш по пријавата за пожар на две…
(Видео) Се урна руски бомбардер Ту-22М3 по…
Рускиот суперсоничен бомбардер Ту-22М3 се урна во…
Фон дер Лајен: ЕУ нема да ги…
Европската Унија нема да ги ублажи санкциите…
И САД и Иран потврдија: Бродовите повторно…
По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД…