Мајка си го продала бебето во Грција, со парите купила кола

t

Две жени во Грција се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полицијата открила случај во кој 40-годишна мајка си го продала новороденчето на друга жена за 3.500 евра, а со парите купила автомобил.

Според грчките медиуми, повикувајќи се на полицијата во западниот дел на Пелопонез, 40-годишната жена на почетокот на годинава му го предала бебето на 32-годишна жена од Аспропиргос, град во близина на Атина, во замена за пари.

Бебето е родено во јануари во регионот на Патра, а сега привремено е згрижено во болница.

Сличен случај беше откриен и во Македонија пред само неколку месеци. Скопскиот Кривичен суд тогаш изрече затворски казни за петмина обвинети за трговија со дете, откако утврди дека новородено девојче од кумановската болница, само неколку дена по раѓањето, било предадено на брачен пар од Скопско.

Во случајот посредувала згрижувачка на деца од Центарот за социјална работа, а според првостепената пресуда, за бебето биле исплатени 4.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка си го продала бебето во Грција,…

Две жени во Грција се соочуваат со…

Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…

Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…

Амбасадата на Иран во Атина ја демантираше…

Амбасадата на Иран во Атина денеска ги…

Нови детали за акцијата на МВР и…

Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…

Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните…

Овој случај уште еднаш покажува колку е…