Објавено на:

Мајкоубиецот од Росоман нема да оди во затвор туку во психијатриска болница

t

Основниот суд во Кавадарци му изрече мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на 27-годишниот Игор Р., кој на крајот на март годинава со нож ја уби сопствената мајка, Сијка Р. (54).

Основниот суд во Кавадарци му изрече мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на 27-годишниот Игор Р., кој на крајот на март годинава со нож ја уби сопствената мајка, Сијка Р. (54).

Психијатриското вештачење утврдило дека обвинетиот во моментот на извршувањето на делото бил непресметлив, односно не бил способен да го сфати значењето на своите постапки ниту да управува со нив. Според наодите на вештите лица, неговата непресметливост е со неопределено времетраење, поради што судот одлучил да му биде изречена мерка задолжително психијатриско лекување во специјализирана здравствена установа.

Веднаш по донесувањето на судската одлука, тој бил сместен во Психијатриската болница „Негорци“, каде ќе остане на лекување и под надзор, согласно законските процедури.

Ужасниот чин се случи на 30 март годинава во семејната куќа во Росоман. Според обвинението, во раните утрински часови, додека неговата 54-годишна мајка спиела во една од собите, Игор Р. повеќепати ја нападнал со кујнски нож, нанесувајќи ѝ повеќе убодни рани во пределот на вратот, од кои таа починала на лице место.

По извршувањето на делото, 27-годишникот сам се пријавил во полиција и го признал настанот. Во моментот на убиството, неговиот татко, кој е сопруг на жртвата, бил на своето работно место и не бил присутен во домот.

Истрагата покажала дека ова не бил прв инцидент поврзан со неговото однесување. Уште на 14 август 2023 година, неговиот татко пријавил во полиција дека синот во семејниот дом агресивно се однесувал, физички ги нападнал двајцата родители и оштетувал инвентар и други предмети во куќата.

По тогашната полициска интервенција, Игор Р. најпрво бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, а по проценката на лекарите веќе следниот ден бил упатен на лекување во Психијатриската болница „Негорци“, каде претходно бил хоспитализиран поради неговата здравствена состојба.

Со најновата судска одлука, наместо затворска казна, на обвинетиот му е изречена мерка задолжително психијатриско лекување, која ќе трае согласно проценките на надлежните здравствени институции и законските услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајкоубиецот од Росоман нема да оди во…

Основниот суд во Кавадарци му изрече мерка…

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Приведен жител на Росоман за нарушување на…

На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман,…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…