Објавено на:

Телото најдено во буре е на српскиот мафијаш Баја, потврди ДНК анализата

t

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до Вишото јавно обвинителство во Белград денеска доставило извештај за идентификација на останките што беа пронајдени на 21 мај 2026 година во буре, кое беше ископано на Сењак, пренесува Н1.

Според обвинителството, со ДНК анализата е утврдено дека станува збор за Александар Нешовиќ – Баја, чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година.

Поради кривичното дело тешко убиство извршено на штета на А. Н. на 12 мај 2026 година во ресторанот „27“ и други кривични дела поврзани со истото, Вишото јавно обвинителство во Белград спроведува обемна истрага против 11 лица, беше објавено.

Телото е пронајдено на 21 мај во буре на територијата на општина Инџија, во присуство на јавни обвинители на Вишото јавно обвинителство.

Нешовиќ, познат како Баја кој имал сериозно криминално портфолио, наводно бил убиен во ресторанот „27“ во Сењак. Сомнежите се дека бил застрелан од Саша Вуковиќ, познат како Бошке, во присуство на поранешниот началник на белградската полиција, Веселин Милиќ, кој заедно со уште тројца полицајци од неговото обезбедување учествувал во отстранувањето на трагите од злосторството.

Притвор е одреден за 11 луѓе, меѓу кои и за поранешниот началник на полицијата Веселин Милиќ. Милиќ е обвинет за кривични дела непријавување кривично дело и помагање на сторителот по извршувањето на злосторството – со цел прикривање на тежок обид за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…