Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин – Outlook, Teams и Copilot повторно функционираат
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно работат непречено и дека се отстранети проблемите предизвикани од глобалниот прекин што се случи пред два дена и предизвика нарушувања во повеќе земји.
Од компанијата наведуваат дека се решени клучните проблеми и дека алатките Outlook, Teams и Copilot повторно им се достапни на корисниците.
Прекинот погоди повеќе од 70 земји. Според „Мајкрософт“, околу 430 милиони луѓе ширум светот се соочиле со технички проблеми, кои настанале за време на надградба на мрежните капацитети, а не како последица на сајбер-напад или дејствување на агент со вештачка интелигенција.
Корисниците почнале да пријавуваат проблеми со пристапот до алатките од пакетот Microsoft 365 во четвртокот, а сервисите почнале повторно да функционираат околу 24 часа по појавата на првите проблеми.
Во Велика Британија биле погодени делови од Националната здравствена служба (NHS), како и одредени училишта и полициски служби.
Во Канада, националната железничка мрежа предупредила дека патниците можеби нема да добиваат известувања за патувањата преку електронска пошта. Проблеми со електронската пошта имале и болници низ земјата.
Во САД, вработени во Претставничкиот дом за порталот „Политико“ изјавиле дека не можеле да работат бидејќи податоците им биле сместени во системот Outlook на „Мајкрософт“.
И владата на Сингапур потврдила дека биле погодени дел од нејзините системи, додека во Индија прекинот во петокот им ја отежнал работата на голем број луѓе.
Во Турција, советници и официјални лица кои учествуваат на климатскиот самит COP31 во Анталија не можеле да ги реализираат планираните активности поради неможноста да пристапат до Outlook.
Проблемите ги погодиле и помалите компании, како и голем број индивидуални корисници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
СКАЈП ЗГАСНА ДЕНЕСКА, СВОЕВРЕМЕНО ИМАЛ СТОТИЦИ МИЛИОНИ…
По 22 години поврзување луѓе низ целиот…
Microsoft преговара за преземање на TikTok
Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Microsoft…
Руски хакери го нападнаа Мајкрософт
Mајкрософт вчера објави дека група спонзорирана од…
Кинески хакери упаднаа во „Мајкрософт“, реагираше Стејт…
Кинеските државни хакери од мај тајно пристапувале…