Мајкрософт го купи гејминг гигантот Activision-Blizzard за 68,7 милијарди долари

t

Microsoft продолжува со проширување на своето портфолио на видеоигри. Во зделка вредна 68,7 милијарди долари компанијата сега е сопственик на еден од најголемите издавачи на видеоигри Activision Blizzard. Ова е најголема аквизиција на Microsoft во историјата на компанија. Activision Blizzard е трет по големина издавач на видеоигри веднаш зад Tencent и Sony.

„Ќе додадеме колку можеме повеќе игри од каталогот на Activision Blizzard во Xbox Game Pass и PC Game Pass, и нови наслови, и игри од неверојатниот каталог на Activision Blizzard“, вели директорот на Microsoft Gaming, Фил Спенсер на блогот нa Xbox.


Со аквизицијата на Activison Blizzard, Microsoft доби импресивно портфолио на видеоигри (Call of Duty, Warcraft, World of Warcraft, StarCraft, Diablo, Overwatch), но и мобилниот хит Candy Crush. Blizzard секако е студиото кое издаде дел од најпрепознатливите игри, но веќе поодамна основачите на компанијата и луѓето кои ги креираа првите игри го напуштија Blizzard и работат на нови проекти.

Microsoft најави дека портфолиото на Activision Blizzard ќе биде додадено во Microsoft Game Pass. Сервисот веќе има 25 милиони претплатници, но игрите на Activision Blizzard секој месец ги играат 400 милиони корисници, па ова ќе биде интересен развој на настаните. По завршувањето на зделката Microsoft во својот гејминг оддел ќе има 30 интерни студија за развој на видеоигри. На чело на Activision Blizzard останува досегашниот директор Боби Котик, но отсега ќе работи под Фил Спенсер, директорот на Microsoft Gaming.

Ова е четврти пат последниве неколку години Microsoft значително да го прошири своето гејминг портфолио. Досега ги додаде Mojang (Minecraft); Obsidian Entertainment (Fallout: New Vegas, Alpha Protocol, Pillars of Eternity 1 и 2); Ninja Theory (Hellblade, DmC); Playground Games (Forza Horizon); Undead Labs (State of Decay); Compulsion Games (Contrast, We Happy Few). Пред Activision Blizzard, Microsoft „потроши“ 7,5 милијарди долари на ZeniMax Media, издавачот на The Elder Scrolls, Fallout, Doom, Quake, и Dishonored.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дански платеник во Украина со траорно…

Платеник од Данска со воено име „Јонас“…

(Видео) И Турција на штрек: Морските мини…

Турската војска пресретнала „стара“ поморска мина во…

(Видео) Олеснување за Украина: Белоруската војска се…

Белоруската војска се враќа во базата по…

(Видео) Си ја стави “главата во торба”:…

Деминирањето е во тек во ослободеното Степно…

(Видео) Страшно: И Николаев срамнет со земја:…

Ракетен напад денес беше извршен врз украинскиот…