(Хит Видео) Вучиќ на ТикТок објави разговор со неговиот „двојник“

t

На социјалната мрежа веќе го следеа повеќе од 20.000 луѓе. Претседателот на Србија редовно објавува нови содржини, а неговиот најнов спот стана хит.

Вучиќ се сликал со својот „doppelgänger“, односно со човекот кој на социјалните мрежи се претставува под прекарот čevna.doza.presednika. Се облекува како претседател, става очила, ја мести косата и го имитира гласот на Вучиќ. Следбениците често му пишуваат дека сличноста е навистина неверојатна.

Гореспоменатото видео започнува со тоа што Вучиќ седи на маса во ресторан и додека се движи низ видеата на TikTok, налетува на својот „двојник“ кој му вели: „Драг Александар, најпрво сакам да ти честитам на сметката што ја отвори на оваа социјална мрежа“.

Вучиќ тогаш одговара: „Почитуван претседателе, ви благодарам за добрите желби“ и тие го продолжуваат разговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Министерот за здравство на САД фаќа змии…

Снимката како американскиот министер за здравство Роберт…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…

Албанија ја укина едногодишната забрана на „ТикТок“

Албанија официјално ја укина привремената едногодишна забрана…

(Видео) 17-годишник пука со пиштол во бар во…

Вознемирувачка видеоснимка кружи на социјалните мрежи која…

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…