Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по 24-часовниот прекин на Outlook
Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по глобалниот прекин што на 12 и 13 ноември ги погоди Outlook, Exchange Online, Teams, Copilot и други услуги од пакетот Microsoft 365, објави Ројтерс, повикувајќи се на интерни документи на компанијата. Со оваа одлука, спречувањето на големи прекини и побрзото враќање на услугите стануваат највисок приоритет за инженерските тимови.
Прекинот траел околу 24 часа и го нарушил работењето на државни институции во САД, Јапонија и Австралија, како и комуникацијата на авиокомпании. Џејсон Хендерсон, раководител на одделот за основните услуги на Microsoft 365, во интерна порака навел дека ова бил инцидентот со најголеми последици за корисниците во историјата на Exchange Online, облачната услуга за електронска пошта на компанијата.
Според Мајкрософт, причината била претходно неоткриена грешка во Windows, внесена во јули, која влијаела врз способноста на системот да се справи со зголемено оптоварување. Компанијата соопшти дека прекинот не бил поврзан со кибернапад, а извршниот директор Сатја Надела јавно се извини за нарушувањата.
Мајкрософт си поставил цел при идни големи инциденти да ги враќа услугите во целиот свет во рок од еден час. Меѓу планираните промени се подобра распределба на сообраќајот меѓу регионите и побрза дијагностика на проблемите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по 24-часовниот прекин…
Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по глобалниот прекин…
Клековски најави реформи во Брзата помош: Централен…
Формирање самостоен Центар за итна медицинска помош…
Продолжува специјалната војна: Бугарите сега тврдат дека…
Министерството за внатрешни работи презело мерки против…
Иран одбива преговори со САД сè додека…
Главниот преговарач на Иран и претседател на…
Скепса во Берлин за Студентската листа –…
Шефовите на држави и влади на Европската…