МВР алармира за нова измама: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и МВР и нудат помош за изгубени пари од „Конти“
Министерството за внатрешни работи алармира за нови интернет измами преку лажни профили кои се претставуваат како Интерпол и МВР и нудат наводна помош за изгубени пари од „Конти“.
-Во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него. Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист, велат од МВР.
Напоменуваат дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно дека сите линкови кои се поврзани со министерството можете да се најдат на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…
МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…
Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…
МВР: Лишени од слобода 22 возачи за…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Живеат во страв за својот живот, маж…
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…