МВР во акција: Спасен давеник од водите на реката Вардар
На 05.02.2022 во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош.
Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“. – информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…
Од МВР го потврдија грабежот на банка…
Околу 13 часот е пријавен обид за…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
(Видео) Тошковски со детали за трите акции…
Во изминатите денови МВР во координација со…