Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој бесправно гради, а не се вика ВИСАР или ИЗЕТ!
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога лицата што незаконски бесправно градат НЕ СЕ ВИКААТ ВИСАР И ИЗЕТ! – пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Денес надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против З.Т.(49) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На 24.04.2025, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Делчево во соработка со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи извршиле контрола во објектот и од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека не ги исполнува во целост условите за заштита од пожари, односно се констатирани прекршоци по член 69 ,70, 74, 75 и 76 од Законот за заштита и спасување. Притоа, на одговорното лице му е даден рок од 30 денови да ги отстрани недостатоците и во тој период да не извршува угостителска дејност.
При контролата, исто така, било констатирано дека пријавениот З.Т. во периодот од 09.03.2018 до 16.10.2019 го изградил објектот без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На 01.05.2025 повторно бил извршена контрола во објектот и било констатирано дека пријавената Б.Т. им дозволила на повеќе лица да престојуваат во објектот со што не се придржувала на забраната за вршење дејност од 30 дена изречена при претходната контрола. – објави Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…