МВР: Во координација со ОЈО-ГОКК преземаме мерки на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога

t

Министерството за внатрешни работи, во координација со ОЈО-ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога, информираат од МВР за „360 степени“.

Оттаму повеќе детали за акција најавуваат по завршувањето на активностите.

Како што претходно објавија дел о д порталите, вечерва во тек е полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот во Скопје во поранешниот комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од властите. Наводно вклучени се повеќе институции – полиција, царина, здравствени служби и јавно обвинителство, а акцијата е насочена кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис.

Српската полиција минатата недела заплени пет тони марихуана во близина на Крушевац, а дрогата била транспортирана од Македонија. Од Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија соопштија дека уапсените се членови на организирана криминална група.

Македонското Јавно обвинителство оформи предмет за овој случај, а од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат соодветни оперативно-технички мерки и активности согласно полициските овластувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Во координација со ОЈО-ГОКК преземаме мерки…

Министерството за внатрешни работи, во координација со…

Америка, ЕУ и Јапонија склучија стратешко партнерство…

Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Јапонија…

Томас Вајц во Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас…

Пресметката меѓу Зеленски и Кличко влезе во…

Енергетската криза во украинската престолнина откри длабок…

Венс: Документите за Епстин покажуваа колку американските…

Амерички потпретседател Џеј-Ди Венс остро ги осуди…