МВР: Во координација со ОЈО-ГОКК преземаме мерки на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога
Министерството за внатрешни работи, во координација со ОЈО-ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога, информираат од МВР за „360 степени“.
Оттаму повеќе детали за акција најавуваат по завршувањето на активностите.
Како што претходно објавија дел о д порталите, вечерва во тек е полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот во Скопје во поранешниот комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од властите. Наводно вклучени се повеќе институции – полиција, царина, здравствени служби и јавно обвинителство, а акцијата е насочена кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис.
Српската полиција минатата недела заплени пет тони марихуана во близина на Крушевац, а дрогата била транспортирана од Македонија. Од Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија соопштија дека уапсените се членови на организирана криминална група.
Македонското Јавно обвинителство оформи предмет за овој случај, а од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат соодветни оперативно-технички мерки и активности согласно полициските овластувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски го пречека светскиот шампион Марко Џорлев…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во…
Поднесена кривична пријава против охриѓанец за детска…
При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер…
Во Хром од канализациски колектор извадени теписи,…
Теписи, черги, остатоци од влажни марамчиња, облека,…
ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира…
Се подготвувал да убие повеќе лица –…
Полската полиција приведе 16-годишник осомничен дека планирал…