МВР ги повикува на информативен разговор лицата кои пишуваа дека скопската вода е загадена

t

МВР започна со информативни разговори со лица кои на социјалните мрежи деновиве пласираа информации дека во скопската вода има присуство на бакетеријата ешерихија коли и дека истата не е безбедна за пиење.

„Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија соодветно ќе ја информираме јавноста“ посочија изутринава од МВР за МИА.

Лажните информации за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод се раширија преку социјалните мрежи и за кратко време предизвикаа страв и паника кај граѓаните. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција потенцираше дека водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешерихија коли или други бактерии.

– Не постои ништо такво и јас одговорно тврдам ние имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. И одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. И било што и да се случува, ние секогаш нема да се соочуваме со добри вести и добри информации. Знаете дека барем кај мене има транспарентност и секогаш навремено ја информирам јавноста – преку социјални мрежи, преку медиуми…- рече Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување…

Ако се прави анализа во последните две…

Тешко повреден е работник од Берово откако…

Работник од Берово на 68-годишна возраст е…

Го натерал 10-годишниот син да пука: Татко…

Полицијата во Уб го уапсила Славко О.…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…