МВР поднесе Кривична пријава за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново
Расчистен е случајот за обидот за убиство на градоначникот на Арачиново, што се случи на 1 април годинава, информира СВР Скопје. Оттаму велат дека е откриен идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за убиство во обид.
„Се работи за 36-годишен М.А. против кого вчера била поднесена пријава до ОЈО Скопје по целосно комплетирање на службените материјали и извршените вештачења“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Вооружениот инцидент се случи на 1 април на влезот во скопско Арачиново. Цел на нападот бил градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, кој за време на инцидентот бил заедно со уште неколку други лица. Кон нив маж пукал со автоматска пушка. Повредени беа две лица, кои биле заедно со градоначалникот.
Од ОЈО Скопје тогаш соопштија дека јавен обвинител извршил увид на местото каде што се случил инцидентот и издал наредби за прибирање траги и вршење на соодветни вештачења.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…