МВР: Испукана димна бомба во Скопје, фотографирања на гласачко ливче, во Чаир пронајдени летоци…

t

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.

„Од отворањето на гласање од 7 часот не се забележани поголеми проблеми. Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип. Во радовишко, едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување.

Во Чаир се забележани летоци врз паркирани автомобили, а се регистрирани и два графити. На едно гласачко место во Скопје, од страна на шеф на избирачки одбор, е пријавено дека е пронајдена испукана димна бомба.

Апелирам до граѓаните во текот на гласањето да се воздржат до инциденти, и ако има увиди за нарушување на изборниот процес, да се пријават во најблиската полициска станица“, рече Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски ја шокираше јавноста: Пругата до Бугарија…

Новиот министер за транспорт го повика Јавното…

Верници на МПЦ-ОА ќе го тужат владиката…

Стотици верници на МПЦ-ОА ќе го тужат…

Наместо на интервенција, екипа на брзата помош…

Наместо на интервенција во зграда во Кисела…

Фикс идеите на Царовска во аут! Историја,…

Учебници за сите основци и за дел…

Игор Стојковски е новиот директор на Онкологија

Игор Стојковски од денеска е назначен за…