МВР: Повеќе возрасни лица сексуално злоупотребувале малолетник од Установа за згрижување деца

t

Полицијата во дневниот билтен објави грозоморен случај за дете-малолетник кое е под заштита на државата како штитеник на Јавна установа за згрижување деца. Станува збор за пријава од старател дека детето било однесено во стан каде имало повеќе возрасни лица.

-На 25.11.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека малолетник, кој претходно се оддалечил од установата, според пријавеното, во стан имал полови односи со возрасни лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот.

Од Центарот за социјални грижи во Скопје ни одговорија дека ја известиле полицијата која треба да го истражи случајот. Веднаш откако детето пријавило и раскажало на старателка од центарот, реагирал и интервентниот тим на Центарот, а прибраните информации се споделени во пријавата до полицијата.

Од СВР Скопје велат дека случајот се истражува за да се утврдат сите околности на настанот и посочените локации од сведочењето на малолетникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Повеќе возрасни лица сексуално злоупотребувале малолетник…

Полицијата во дневниот билтен објави грозоморен случај…

Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…

По секојдневните пријави од жени за семејно…

ОЈО постапува по пријава за тешка телесна…

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска…

Монструм од Струмица силувал 12-годишно девојче

На 23.11.2026 во Струмица, полициски службеници од…

Битолчани тепале маж додека го држел малолетното…

Во охридското село Пештани, три лица од…