МВР со важно известување до граѓаните: Од вторник тестирање на камерите од „Безбеден град“

t

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор, информираат од секторот за односи со јавност и протокол при МВР.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со важно известување до граѓаните: Од…

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

Трамп се заканува дека ќе го напушти…

После разговорите меѓу министрите за надворешни работи…

30 дена притвор за уапсените во акцијата…

Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за…

Мицкоски: За Гренланд разговараме во рамките на…

Премиерот Христијан Мицкоски запрашан за случувањата околу…

Мицкоски очекува наскоро добри вести за македонските…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро…