30 дена притвор за уапсените во акцијата во УЈП, се сомневаат дека можеле да избегаат

t

Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за најтешката мерка за обезбедување присуство за дел од осомничените во големата акција поврзана со злоупотреби во Управата за јавни приходи (УЈП).

По завршувањето на распитот на 8 приведени лица, судија на претходна постапка ги ценел фактите и доказите и го прифатил предлогот на Обвинителството.

На сите осуммина им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Судот оценил дека се исполнети условите од сите три точки за определување на оваа мерка:

Опасност од бегство;
Влијание врз сведоци;
Можност да го довршат или повторат делото.
Оваа одлука следи откако претходно за друга група од 9 лица опфатени со истата акција беа определени само мерки на претпазливост (одземање пасош и забрана за работа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…

Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…

Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…

(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…

Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…