МД „Илинден“-Тирана: Неприфатливи се обидите за одземање на правото на глас на дијаспората
Македонско друштво „Илинден“ – Тирана во соопштение за јавноста ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија.
Здружениетео оценува дека таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората.
„Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за татковината и нераскинливата врска што ја имаме со Македонија“, се вели во соопштението.
Во соопштението на „Илинден“-Тирана се додава дека Македонците надвор од Македонија се важен партнер на својата татковина и интегрален дел од нејзиниот развој.
„Нашиот придонес е особено значаен во надворешната политика, економијата, културата и во промоцијата на Македонија во светот. Поради тоа, Македонците надвор од Македонија мора да продолжат да го уживаат своето уставно и демократско право на глас“ – се нагласува понатаму во соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.
Друштвото ги повикува сите политички субјекти во Македонија да покажат почит и јасна заложба кон Македонците во дијаспората, со единствена цел – заеднички напредок и посилна Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за…
Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното…
Сиљановска-Давкова: Потребен е Национален регистар на дијаспората…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…
ДИК: Гласањето на болни и затвореници се…
Гласањето за болни и немоќни лица, притворени…
Повлечен изборниот материјал за советнички листи во…
Грешка во испечатените редни броеви на носители…
Муцунски: Дијаспората е важен мост меѓу државите…
Во рамки на работната посета на Женева,…