Муцунски: Дијаспората е важен мост меѓу државите и чувар на идентитетот и вредностит
Во рамки на работната посета на Женева, Швајцарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше и се обрати на настан по повод Денот на независноста – 8 Септември, организиран за македонската дијаспора во овој дел на Швајцарија.
Во своето обраќање, Муцунски ја потенцираше суштинската и незаменлива улога на македонската дијаспора во градењето на мостови помеѓу државите, истакнувајќи дека тие се чувар на идентитетот и вредностите на нашата земја, соопшија од неговиот кабинет
„Изразувам искрена благодарност за сите иницијативи, проекти и активности што произлегуваат од македонската дијаспора во Швајцарија. Како Влада, остануваме посветени на унапредување на врските со Македонците ширум светот – институционално, но и преку конкретни иницијативи“, истакна Муцунски.
Настанот беше можност за директна размена на идеи и мислења со претставници на македонската заедница во Швајцарија, за нивната поголема вклученост во креирањето на политики и за зајакнување на институционалната комуникација со матичната држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…
На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…
Швајцарија сака да го ограничи бројот на…
Во Швајцарија се дискутира за горната граница…
Рекорден број затвореници во Швајцарија, затворите исполнети…
Бројот на затвореници во швајцарските затвори заклучно…
Гаши и собраниска делегација во посета на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со…
Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…
Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…