Објавено на:

Медведев нарече американски политичар сенилен старец: Русија ги зајакнува односите со Куба и Венецуела, нема договор за распоредување ракети и бази

t

Куба и Венецуела се обидуваат да ги нормализираат односите со САД, така што не може да се зборува за распоредување на руска воена инфраструктура на нивна територија, изјави рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

Како што прецизираше, двете земји се партнери на Русија, но се суверени држави кои водат независна надворешна политика.

„Ние не можеме да распоредуваме ракети кај нив н, дури и ако порано тоа се случуваше во Куба, бидејќи тоа едноставно мора да биде во согласност со нивната геополитичка позиција, со нивните национални интереси. Куба и Венецуела се обидуваат да излезат од изолација, да ги вратат нормалните односи со САД, така што не може да стане збор за распоредување или создавање база, како што беше случајот во советскиот период кога имавме заедничка воена инфраструктура со многу земји врз база на идеологија“, објасни Медведев.

Тој додаде дека не е во ред да се разговара на тема распоредување бази, бидејќи тоа создава тензии во светот.

Како да се избегне војна?

Потребни се преговори за да се избегне војна, рече Медведев.

„Потребни ни се преговори за безбедносни гаранции, политичко-дипломатски средства, преговори, употреба на принципот на заедничка безбедност во нашите односи, што е нотирано во сите клучни европски и меѓународни документи кога безбедноста на едната страна не може да се постигне на сметка на безбедноста на на друга држава“, рече тој.

Зборувајќи за тоа кој има корист од конфронтацијата, Медведев ја наведе изјавата на американскиот сенатор, кој рече дека не ја исклучува можноста за ограничена нуклеарна конфронтација меѓу Русија и САД. Медведев го нарече американскиот политичар „сенилен старец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„YouTube“ воведува нова функција: Ова ќе израдува…

„YouTube“ воведува нова функција наречена „Play Something“…

Што предвидел Нострадамус за 2025 година?

Францускиот астролог, роден како Мишел де Нострадам,…

Масовна тепачка на дочекот на кој настапи…

За време на новогодишната ноќ, Белград беше…

,,Курск е многу силен адут во какви…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата…

Тајландскaтa премиерка пријави имот од над 400…

Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во…