Медведев до Германците: Сменете го Мерц пред да ве вовлече во војна со Русија
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, ги повика граѓаните на Германија да го сменат канцеларот Фридрих Мерц, тврдејќи дека тој би можел да ја вовлече земјата во конфликт со Русија.
„Германци, ослободете се од него пред да ве вовлече во војна со Русија. Ги знаете последиците од таквите војни“, напиша Медведев на социјалната мрежа „Икс“ (X).
Тој исто така оцени дека – како што се изрази – неонацизмот, русофобијата и опсесијата со Украина го направиле Фридрих Мерц „најбескорисниот канцелар на Германија“, пренесе „Спутник“.
„Мерц е патетичен срам. Неговиот неонацизам, русофобија и опсесија со Украина го направија најбескорисниот канцелар на Германија. Дури и Шолц изгледа подобро во споредба со него“, изјави Медведев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев до Германците: Сменете го Мерц пред…
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност…
Трамп поддржа забрана за извоз на американски…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и…
Трамп по средбата со Зеленски во Њујорк:…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, за време…
ОКОЛУ ТАЈВАН СЕ ЗГОЛЕМУВА КИНЕСКОТО ВОЕНО ПРИСУСТВО
Тајван регистрираше нова група кинески воени авиони…
Гутереш со последен голем говор пред ОН:…
Антонио Гутереш го искористи своето последно обраќање…