Објавено на:

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

t

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија, Европската Унија не е помалку закана од НАТО, изјави заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Според него, модерната Европска Унија е директна закана за Русија, но тоа не треба да ја попречува билатералната соработка меѓу Руската Федерација и поединечните европски земји. „Токму така треба да се третира. Во секој случај, сè додека не се промени нејзиниот пристап кон нас. Ова, секако, не треба да ја попречува билатералната соработка со поединечните европски земји“, напиша политичарот на својот Телеграм канал.

Тој, исто така, оцени дека Европската Унија полека, но сигурно се претвора во самостоен воен блок, кој постепено треба да почне да се натпреварува со НАТО. Медведев додаде дека ЕУ сонува за одмазда врз Русија. Медведев рече дека пред 15-20 години никој не се спротивставил на плановите на Киев да се приклучи кон Европската Унија, особено затоа што шансите на Украина „беа речиси нула“. Но, додаде Медведев, денес ЕУ стана политизирана, глобалистичка и фанатично русофобична организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си…

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот се обрати…

Памер: Македонија направи одлична работа и ќе…

„Северна Македонија направи одлична работа во однос…

Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…

Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…

Русија нападна десет украински региони за една…

Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…

ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…

Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…