Објавено на:

Медведев збесна: Тенисот е го*нарски спорт!

t

Данил Медведев, не успеа да стигне до трофејот на турнирот во Индијан Велс, единствениот од мастерс-серијата на кој досега не победил, откако ноќеска загуби во големото финале против Карлос Алкараз (6-7, 1-6).

Рускиот тенисер во еден момент во вториот сет буквално збесна, поради незадоволство од застарената технологија, па по средбата имаше вулгарни зборови за „белиот спорт“.

„Постојат работи во тенисот кои се застарени. Сега нема линиски судии и знам дека топката е добра, имаме систем кој следи во живо. Но, бев во фазон – дај покажи ми, само покажи ми. Судијата може да ми покаже на ‘ајпадот’, но мислам на тоа што не може да ми врати неколку удари поназад. Во 2024 година сме, луѓето одат во вселената. На телефон ми излегуваат работи за кои говорам со пријателите, а не може судијата да ми покаже трага од пред три удари? Не барам нешто посебно“, изјави Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…