Мелони: Водењето држава е како секој ден да скокате со падобран
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го спореди водењето на владата со „скокање со падобран секој ден“, нагласувајќи дека не смее да си дозволи грешки.
На церемонија за прием на нови вработени во италијанската тајна служба, Мелони ја раскажа приказната за американскиот пилот Чарлс Пламб, кој преживеал пад со падобран откако неговиот авион бил соборен во Виетнам, и подоцна му се заблагодарил на морнарот што го подготвил падобранот. Премиерката ја искористи оваа метафора за да го опише секојдневниот притисок и важноста на одлуките што ги носи.
– Во свет што се менува толку брзо, сликата на скок со падобран не е само метафора – таа многу точно ја отсликува реалноста со која се соочуваат тие што ја водат нацијата, изјави Мелони, додавајќи дека „ако мојот падобран не е правилно подготвен, ќе страдаат други Италијанци“.
Мелони истакна дека одлуките со голема важност мора да се носат брзо, често без доволно време за подготвка или истражување.
Коалицијата предводена од Мелони е на власт речиси три години, што претставува редок период на политичка стабилност во Италија, оцени „Гардијан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони: Водењето држава е како секој ден…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го спореди водењето…
Вечерва изби шумски пожар над Битола
Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски…
(Видео) 160мил евра испустени!
160мил евра испустени! Ваква корупција и ваков…
Сириските власти тврдат дека Израел повторно бомбардира,…
Сириските власти соопштија дека израелската армија вечерва…
Христијан Мицкоски вадел бугарски пасош!
Во 2008 година, премиерот на Северна Македонија…