Сириските власти тврдат дека Израел повторно бомбардира, овој пат околу Дамаск
Сириските власти соопштија дека израелската армија вечерва извршила нови напади во предградието на Дамаск, откако во текот на денот ги таргетирала седиштето на сириската армија и областа околу претседателската палата во центарот на главниот град.
Нападите овој пат биле насочени кон областа околу воениот аеродром, каде што се наоѓаат складишта за муниција, изјавил извор од сириското Министерство за внатрешни работи за АФП.
Израел прво го бомбардираше седиштето на сириската армија во самиот Дамаск денес и се закани дека ќе ги интензивира нападите врз сириските сили ако не го напуштат јужниот регион Свеида, каде што главно живеат Друзите и каде што повеќе од 300 луѓе се убиени во борбите во последните три дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Савески за Алта банка: Секоја кривична пријава…
Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична…
Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени…
Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски…
Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на…
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула…
Влегол во стан и се обидел да…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…