Меморијален марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 Ангели“
Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ на 12 февруари 2026 година ќе биде домаќин на првиот меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“.
Маршот се одржува по повод роденденот на Кети Милковска која трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Настанот ќе собира граѓани од Македонска Каменица, како и родители и пријатели од Кочани, кои заедно сакаат да го зачуваат споменот за Кети.
-Програмата започнува во 14:00 часот пред Соборниот храм „Богородица“, каде ќе се палат свеќи и ќе се одржи молитва во чест на младата девојка. По ова, учесниците ќе се упатат кон автобуската станица, ќе продолжат низ главната улица и маршот ќе заврши во Културниот дом, каде ќе се одржи говор посветен на Кети Милковска, се вели во соопштението од организаторите.
Настанот носи и силна порака за зачувување на сеќавањето на младите животи и поддршка за семејствата погодени од трагични настани.
-Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на маршот, да и оддадат почит и да испратат порака дека Кети никогаш нема да биде заборавена. Со овој марш, хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ не само што оддава почит на Кети Милковска, туку и ги потсетува сите на важноста на сеќавањето, солидарноста и заедништвото – велат организаторите на маршот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меморијален марш во Македонска Каменица – „Кети…
Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ на 12 февруари…
Пронајдена дрога во Кочани, лишени од слобода…
На 05.02.2026 во 15:10 часот во Кочани,…
Братот на газда Деко од затвор врши…
Со сослушување сведоци и законски застапници на…
В сабота хуманитарен фудбалски натпревар во Кочани…
Од здружението „Здружение на граѓани 16 март…
Советот на Општина Кочани едногласно ја поддржа…
Со порака дека сеќавањето мора да добие…