В сабота хуманитарен фудбалски натпревар во Кочани наместо „Марш за ангелите“

t

Од здружението „Здружение на граѓани 16 март 2025“, формирано од граѓани и родители на починатите деца во стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, известуваат дека оваа сабота нема да се одржи вообичаениот „Марш за ангелите“.

„Поради претстојниот хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ГФК Осогово и ФК Вардар, кој ќе се одржи во сабота, на 07.02.2026 година, Ве информираме дека планираниот саботен „Марш на ангелите“ ќе биде одложен.

Новиот термин за одржување на маршот ќе биде дополнително утврден и навремено соопштен на јавноста.

Хуманитарниот натпревар, кој е посветен во чест и сеќавање на жртвите во трагичниот настан на 16 март 2025, претставува значајна иницијатива насочена кон обединување на заедницата во моменти на голема болка.

Токму преку спортот – најпрепознатливиот симбол на фер натпревар, човечност, заедништво и подадена рака – се истакнува вредноста на колективната поддршка и солидарност, особено кога заедницата се соочува со длабока загуба.

Целта на хуманитарниот натпревар не е само спортски настан, туку и општествен чин на почит и возобновена сила.

Во вакви моменти, спортските клубови имаат моќ да бидат двигатели на позитивни иницијативи, да донесат надеж и да потсетат дека вистинските вредности се мерат преку човечноста, а не преку резултатите на терен.

Во таа насока, се упатува искрена и длабока благодарност до двата клуба – ГФК Осогово и ФК Вардар – за нивната подршка и иницијатива.

Нивниот несебичен гест претставува јасна порака дека спортот е повеќе од игра: тој е платформа која сплотува, лекува и охрабрува. Преку нивната поддршка, тие покажуваат дека заедништвото и солидарноста се вредности што треба да се негуваат и пренесуваат.

Воедно упатуваме повик до целата јавност да присуствува на натпреварот, да даде поддршка и да придонесе кон изградбата на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“. Вашето присуство и солидарност се од исклучително значење.“, стои во објавата на социјалните мрежи на здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…

Трагедија се случила во близина на водопадот…

По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…

Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…

Вработен во телекомуникациска компанија трагично загинал во…

Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал…