Мерц: Мали се шансите за брз крај на војната во Украина преку преговори

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има мали шанси за брзо завршување на војната во Украина преку преговори.

Мерц изјави за германските весници NBR и Rheinfalz дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“.

„Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц. Според него, целта на европските напори е „да се спречи руската држава воено да ја продолжи војната и да ја финансира“, објави Шпигел.

Мерц рече дека смета дека е практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат. „Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“, рече германскиот канцелар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц: Мали се шансите за брз крај…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има…

Порошенко: Никогаш не му верувајте на Путин,…

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко му порача…

Зеленски: Преговорите во Женева беа тешки, разговорите…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Германија ќе го зајакнува надворешното разузнавање поради…

Германија се стреми да ја зајакне својата…

Трамп ги блокира новите санкции на САД…

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложува гласањето…