Објавено на:

Зеленски: Преговорите во Женева беа тешки, разговорите ќе продолжат

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните преговори во Женева меѓу Украина, САД и Украина биле тешки, но дека страните се согласиле да продолжат со разговорите.

„Гледаме дека е постигнат напредок, но засега позициите се разликуваат бидејќи преговорите беа тешки“, изјави Зеленски, објави Укринформ.

Зеленски истакна дека има напредок по воените прашања, имено во следењето на прекинот на огнот, но дека по политичките прашања – територии, нуклеарната централа во Запорожје и други чувствителни прашања – ставовите на страните остануваат различни.

Тој истакна дека е постигнат договор дека американската страна ќе го почитува прекинот на огнот и го оцени тоа како конструктивно.

Истовремено, секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, на новинарите им изјави дека е постигнат напредок за време на вториот ден од трилатералните преговори во Женева.

„Разговорите беа интензивни и суштински“, рече Умеров, наведувајќи дека биле разјаснети голем број прашања и дека целта на Украина останува праведен и одржлив мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…