Објавено на:

Мерц: „Никој не знаеше што да правиме со Западен Балкан“

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, за време на состанокот на Европскиот совет што се одржа на 18 и 19 јуни во Брисел, ги коментираше евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан.

Тој истакна дека процесот на ЕУ-интеграција во овој дел од Европа трае веќе 20 години, но и го нагласи напредокот на една од земјите.

„Најмалку една од тие земји, поточно Црна Гора, практично е подготвена за прием. Преговарачките кластери се главно завршени и земјата сега би можела да влезе во завршната фаза од процесот“, изјави Мерц.

Тој нагласи и дека останува отворено прашањето дали земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ една по една или заедно, додавајќи дека за тоа ќе се расправа на следното заседание на Европскиот совет во октомври.

Мерц наведе дека ситуацијата сега е многу поинаква, нагласувајќи дека во минатото погрешно се пристапувало кон идејата за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

„Голем број колешки и колеги се благодарни што излегуваме од фрустрацијата што ја имавме минатата година, кога тука во Брисел го одржавме последниот самит за Западен Балкан, а никој всушност не знаеше што правиме со земјите од регионот и како да напредуваме понатаму“, додаде тој.

На крајот, германскиот канцелар го спомена и планот на неговата земја, поддржан од Франција, со кој на земјите кандидатки би им се одобриле одредени бенефиции за време на преговарачката фаза.

„Обидот на (претседателот на Франција) Емануел Макрон и мојот е токму тоа – да излеземе од тој затворен круг и да понудиме предлог како да се тргне напред со ова прашање“, заклучи Мерц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц: „Никој не знаеше што да правиме…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, за време на…

ЕУ до Турција: Гасот што го испорачувате…

Европската Унија бара гасот што се испорачува…

Битка за кеш од 2 трилиони евра…

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел…

Украина заслужува брзо членство во ЕУ „повеќе…

Володимир Зеленски им рече на лидерите на…

Хегсет вели дека Европа мора да ја…

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, порача…