Мерц со порака до Трамп пред средбата со Путин: Ве молиме, без изненадувања
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не ги изненадува европските сојузници за време на очекуваните разговори за Украина со рускиот претседател Владимир Путин, кои би требало да се одржат следната недела во Кина.
„Некои тука во Даблин стравуваат дека би можело да се повтори сценариото од Енкориџ“, рече Мерц, осврнувајќи се на самитот меѓу Трамп и Путин на Алјаска, кој европските лидери го сметаа за потенцијално клучен момент во напорите за завршување на војната во Украина.
„Затоа сакам многу јасно да ја пренесам нашата порака до Соединетите Американски Држави: ве молиме, без изненадувања. Продолжете да дејствувате како дел од тимот на Европа и тимот на Украина“, порача германскиот канцелар.
Мерц настојува да обезбеди лидерите на Европската Унија, во рамките на преговорите за долгорочниот буџет на Унијата, да се обврзат на продолжување на поддршката за Украина. Тој изјави дека неговиот предлог добил широка поддршка, но дека постигнувањето договор сè уште е далеку.
По состаноците меѓу американските и руските претставници во Абу Даби оваа недела, се очекува во наредните недели да почнат суштински мировни преговори, во кои за првпат би требало да учествуваат и европски претставници, рече Мерц.
Тој ги отфрли руските барања европската безбедносна архитектура да биде во центарот на преговорите, нагласувајќи дека таква рамка веќе постои во форма на НАТО.
„Претстојните разговори мора да се фокусираат на едно клучно прашање: во каква рамка може да се гарантира безбедноста на Украина по постигнувањето мир? Но, најпрво мора да го постигнеме тој мир“, заклучи Мерц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц со порака до Трамп пред средбата…
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, го повика американскиот…
Како е ослободено Скопје – сведоштва на…
На 13 ноември 1944 година, борците од…
Загина човек од Ченто, неговиот трактор се…
67-годишен жител на скопската населба Ченто загинал…
(Видео) Kaде и да копаш ќе најдеш…
Градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, денеска…
Хрватска се закани со блокада на европскиот…
Граничниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора…