Месото во ЕУ за една година поскапело 3,3%

t

Во февруари годинава, цената на месото во Европската унија беше за 3,3 отсто повисока во однос на истиот месец од 2023 година.

Свинското месо забележа најголем раст од 5,7 отсто, пред јагнешкото и козјото (4,5 отсто) и говедското и телешкото (три отсто). Спротивно на тоа, живината забележа пад од 1,6 отсто во однос на февруари 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.

Во текот на изминатите три години, годишните стапки на инфлација на месото беа највисоки помеѓу април 2022 година и март 2023 година, со годишни стапки на промена над десет проценти. Највисока стапка е забележана во февруари 2023 година, кога цената била за 17,3 отсто повисока во однос на февруари 2022 година.

Годишниот раст на цената на говедското, телешкото, јагнешкото и козјото месо се задржа под 15 отсто во изминатите три години. Цените на живината (24,4 отсто во ноември 2022 година) и свинското месо (18,8 отсто во февруари 2023 година) забележаа поголеми флуктуации.

Во февруари 2024 година, повеќето земји од ЕУ пријавија зголемување на цените на месото во споредба со февруари 2023 година. Најголем раст е забележан во Бугарија (8,2 отсто), потоа Романија (7,7 отсто) и Хрватска (7,1 отсто).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…