Мечка на главниот булевар во Дебар, ловците алармираат: „Не трчајте, мечките се побрзи од вас, и никако не ги гледајте во очи“

t

Пред неколку дена, во доцните вечерни часови, граѓаните на Дебар се соочија со возрасна мечка на главниот булевар во градот, што претставуваше сериозна опасност, алармира здружението на ловци „Стогово” – Дебар.

Здружението предупредува на загрижувачка појава во градот и во населените места, каде што сè почесто диви животни – како мечки, диви свињи, волци и лисици – се приближуваат до населените места, но и влегуваат во нив. Оваа појава, посочува здружението, претставува зголемена опасност за граѓаните и за жителите во руралните подрачја, но и во градот.

„Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни, особено мечките, бараат повеќе храна за да се подготват за зимата,“ стои во известувањето на здружението.

Од здужението додаваат дека без намера да се создаде паника, но со цел да се заштитат граѓаните, ја чувствуваат обврската да дадат неколку важни совети како да се постапува во вакви ситуации.

„Останете смирени, не правете брзи движења и не трчајте, повлекувајте се полека наназад, без да му го свртите грбот на животното, зборувајте со тивок и смирен глас, за да разбере мечката дека сте човек. Не ја гледајте директно во очи – тоа може да го сфати како провокација. Доколку е на поголемо растојание од вас, направете мала бучава (плеснете со раце, зборувајте со нормален тон) за да се оддалечи. Ако, пак, е блиску и сè уште не ве забележала, останете мирни додека не се оддалечи. Веднаш известете ја полицијата, шумската служба или општината,“ советуваат од здружението.

Здружението ги советува жителите да не ги хранат мечките.

„Не трчајте – мечката е многу побрза од човекот, не викајте и не ја провоцирајте, не ѝ приоѓајте за фотографии или за видеа, никогаш не ја хранете – ќе се навикне да се враќа повторно, не ја следете во шумата, не оставајте храна надвор од домот или објектите. Здружението на ловци е секогаш подготвено да им помогне на граѓаните и да соработува со надлежните институции за спречување на вакви случаи,“ порачуваат од здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мечка на главниот булевар во Дебар, ловците…

Пред неколку дена, во доцните вечерни часови,…

Водата во Тетово. небезбедна за пиење

Од Јавното претпријатие Водовод и Канализација во…

Трамп му постави услов на Путин: „Нема…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема…

Лавров: Европејците му го матат умот на…

Коментирајќи го најавениот, но одложен состанок меѓу…