Водата во Тетово. небезбедна за пиење
Од Јавното претпријатие Водовод и Канализација во Тетово, известуваат дека водата во градот е небезбедна за пиење, и препорачуваат истата да се користи само за основни потреби.
„Ве известуваме дека за еден час ќе започне пуштањето на водата во дистрибутивната мрежа низ целиот град.
Сепак, поради интензивните врнежи од дожд кои продолжуваат и вечерва во регионот на Планината конкретно во реонот на Попова Шапка, дојде до заматување на водата во изворите на Шар Планина, па водата и понатаму е заматена и непогодна за пиење.
Граѓаните се замолуваат водата да ја користат само за основни потреби (како хигиена и чистење), сè додека не завршат новите лабораториски анализи.
Следните анализи ќе се извршат утре, по што граѓаните ќе бидат веднаш информирани за резултатите и квалитетот на водата.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.“, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…