Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс Натанз

t

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на претпазливост за да се избегне каков било ризик од нуклеарна несреќа, откако Иран соопшти дека нуклеарниот објект во Натанз изутрината бил цел на напад.

МААЕ соопшти дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била нападната.

„Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата. МААЕ ги истражува извештаите“,се вели во соопштението на МААЕ.

Генералниот директор на меѓународната агенција Рафаел Гроси, повика на воена воздржаност.

Претходно денеска и руското МНР го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз.

„Ова е грубо кршење на меѓународното право“,изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на…

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика…

Сопственик на хотел во Охрид пријавил дека…

На 20.03.2026 во 14:40 часот во СВР…

Николоски: Со Мицкоски тон не сме си…

До 2032 година треба да се завршат…

Протест на оризопроизводителите во Чешиново-Облешево

Производителите на ориз денеска излегоа на предупредувачки…

ЦИА и МОСАД бараат „знаци“ од Моџтаба…

Централната разузнавачка агенција на САД, израелскиот Мосад…