Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс Натанз

t

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на претпазливост за да се избегне каков било ризик од нуклеарна несреќа, откако Иран соопшти дека нуклеарниот објект во Натанз изутрината бил цел на напад.

МААЕ соопшти дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била нападната.

„Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата. МААЕ ги истражува извештаите“,се вели во соопштението на МААЕ.

Генералниот директор на меѓународната агенција Рафаел Гроси, повика на воена воздржаност.

Претходно денеска и руското МНР го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз.

„Ова е грубо кршење на меѓународното право“,изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Приведени четворица мажи по масовна тепачка…

Од МВР информираат дека се приведени четири…

Семејство од Белград тешко повредено во сообраќајка…

Семејство од Белград, Србија, е повредено во…

Вирусот на западнонилска треска се шири во…

Првите три случаи на западнонилска треска оваа…

Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…