Меџити: Од јануари ќе има само еден директор на Клинички, нема веќе економски директори

t

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.

Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после новата годна и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме, одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на „Мое здравје“.

Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно.

Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките.

Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, како што посочи Меџити, немаме друг пат, „мора ова да се направи еднаш засекогаш здравствено да функционира како што треба“.

Меџити се осврна и на проблемот со паркинзите.

Нема подземна катна гаража, тоа ќе биде. Не дека сум министер по инфраструктура, но, мора тоа да се реши. Тоа е ликот на нашата држава и како нас, како луѓе. Тоа е срамота што се случува во Клинички центар, подвлече министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20-годишниот Томас Метју Крук е атентаторот на…

Федералната полиција, по деталните проверки, го објави…

Камала Харис, Обама, Буш, Моди, Трудо: Светските…

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше…

Неколку часа по атентатот, Трамп ја продолжи…

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше…

Бајден веднаш разговараше со Трамп по обидот…

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата вечерта…

Денеска се празнуваат Светите маченици Козма и…

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители…