ЕКСКЛУЗИВНО: ПУКАЊЕ ВЕЧЕРВА ВО ЧЕНТО, ЕДНО ЛИЦЕ Е ПОВРЕДЕНО!
Пукање вечерва ги потресе жителите на Ченто, според информациите на Инфомакс едно лице е повредено и пренесено во Клиничкиот центар.
Во 20.50 часот е пукано во возило, потврдуваат од МВР за Инфомакс.
– На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. ,,Александар Македонски”од патничко возило во движење било пукано во патничко возило ,,пасат” со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Според нашите информации се работи за лице кое неодамна се вратило во Македонија од Швајцарија, а засега не се познати причините за пукањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…