МЗТ Скопје го освои 11. куп-трофеј и го прескокна Работнички
Кошаркарите на МЗТ Скопје по повеќе од две децении повторно се најтрофеен тим во Купот на Македонија, откако со триумфот во вечерашното големо финале го совладаа Феникс (89-73), дебитантот во пресметките за победничкиот трофеј во ова натпреварување.
За аеродромци ова е 11-ти куп-трофеј, со што сега имаат еден повеќе од Работнички. Последен пат сино-белите беа подобри од вечниот ривал на вечната листа беше во периодот од 2000 до 2003 година, кога водеа со 4-3 во бројот на пехари. „Металците“ апсолутно заслужено дојдоа до славје во годинешното издание, иако делумно потешко од очекувањата. Избраниците на тренерот Драган Николиќ фуриозно го почнаа мечот, брзо дојдоа до двоцифрена предност, а во првата четвртина имаа и плус 17 (25-8).
И, кога сите во салата СРЦ „Кале“ помислија дека ќе гледаат слично „газење“ како во вчерашното полуфинале против ТФТ (102-61) на сцена стапија кошаркарите во жолто-бела опрема, комбинација на младост и искуство и речиси комлетно на македонски погон. Бојан Трајковски и Ивица Димчевски се разиграа, погодуваа тешки тројки, што полека, но сигурно го „топеше“ водството на противникот. Кога на овие двајца се приклучи и новодојдениот Марјан Јанески, составот на Феникс со серија 8-0 намали на само минус четири (60-64), што и тоа како ги загрижи сите на клупата на МЗТ Скопје.
Но, искусните кошаркари во сино-бели брзо вратија речиси на идентичен начин со серија 9-1 и одново обезбедија сигурно двоцифрено водство (73-61), кое им гарантиреше мирен финиш. Забивањето, пак, на ултра-атрактивниот Абдул-Малик Аби за 80-66 на пет минути до крајот веќе беше знак за палење факели кај навивачите на шампионот како знак за куп-трофејот, кој веќе беше печатиран.
Страхиња Миќовиќ со 20 поени и седум скока беше прво име во составот на новиот куп-победник, а веднаш зад него беше Војдан Стојановски со 16 поени и осум скока. За одбележување е и настапот на Дастин Вер со 13 поени и осум асистенции. Трајковски со 22 и Димчевски со 21 поен беа најефикасни кај Феникс.
Ова воедно е и комплетирање на првиот во историјата на макбаскетот дубл на еден ист тим во Купот на Македонија, откако МЗТ Скопје го освои пехарот и во женска конкуренција.
Извор+фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…